БАНЕ СОМБОР – Скопје

Претпријатието Бане Сомбор Скопје е основано далечната 1992 година. Нашата основна дејност е трговија со окови за дрвени врати и прозорци, окови за метални врати и прозорци, окови за алуминиумска столарија, окови за пвц столарија, окови за стаклени врати и прозорци, окови за мебел и окови за широка потрошувачка.

Од основањето па до денес благодарение на визијата, упорноста и постојаноста на менаџерскиот тим нашата компанија од генерален застапник на металопреработувачката индустрија Бане Секулиќ од Сомбор прерасна во препознатлив бренд и лидер на македонскиот пазар во продажбата на окови од повеќе светски брендови.

Беспрекорната услуга и квалитетот на производите што ги нудиме допринесуваат за нашиот постојан раст и се поголем број на задоволни потрошувачи. Како резултат на таквата работа, нашите производи се застапени во многу објекти ширум Македонија каде за вградените окови се бара врвен квалитет, гаранција, сертификати и сл… Како дел од тие објекти може да ги споменеме: Болницата Филип Втори, Хотел Мериот, Македонски Народен Театар, Градска катна гаража, Клиничка болница Систина, Аеродром Александар Велики, станбените објекти на Голден Арт итн…

Со оглед на тоа дека наш приоритет е трговија на големо, нашите производи освен во нашиот продажно изложбен салон ви се достапни и во малопродажната мрежа на повеќе железарии, столарски работилници и поголемите маркети во Скопје и Македонија, како Меркур, Мр. Брицолаж, Електроелемент, Реплек маркет Хубо во Скопје, Пододекор Велес, Интеркомерц Гевгелија, Турист инжинеринг Охрид…

Галерија

7226

Видео презентации

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите окови?