Оков за широка потрошувачкаБрендови кои ги застапуваме

bane-rs-logoФабриката “Бане Секулиќ” е основана далечната 1947 година во Сомбор, северозападна Србија. Производството на оков го започнуваат со само педесет работници. Денес “Бане Сомбор” важи за најстар и најпознат производител на градежен оков на просторите од бивша Југославија. Единствениот спој на квалитет и континуитет низ овие седум децении прават да ова име и заштитен знак станат синоним за сигурност. Тој факт го потврдуваат и бројните признанија, учества на саеми и милиони продадени производи во Србија, бившите ЈУ републики, како и Русија, Полска, Франција, Германија…

Веб страна: www.bane.rs
Сертификати: www.bane.rs/en/quality

Dabel-logoПретпријатието “Дабел” е основано во 1993 година, во околината на Белград со основна цел производство, трговија и дистрибуција на окови за градежна столарија и оков за мебел. Резултат на нивната одговорна работа и постојан напредок во поглед на унапредување на квалитетот на производите и стабилниот деловен однос со близу 3000 домашни и педесетина странски партнери се милиони задоволни потросувачи. Денес со преку 50 вработени, на деловен објект со површина од 5000 м2, Дабел се наоѓа во самиот врв на српскиот пазар во трговијата и производство на градежни окови, оков за мебел и окови за широка потросувачка. Особено интересни се за нас бидејќи голем дел од нивните производи се во вакуум пакување кое е погодно за изложување на рафтовите во поголемите маркети, железарии и сл.

Веб страна: www.dabel.rs
Сертификати: www.dabel.rs/tehnicka-podrska/sertifikati/

logo-ibfmИталијанска компанија специјализирана за производство на спојници/шарки за летечки, т.н каубојски врати

Веб страна: www.ibfm.it
Сертификати: www.ibfm.it/eng/ibfm-news.php

meroni-logoМерони е компанија основана во 1945 година од Џулио Андреа Мерони, во местото Писоне, северна Италија. Тие се денес една од водечките компании на Италијанскиот и интернационалниот пазар чија основна дејност е производство на системи за затворање, механички и електрични, кои се користат во различни сектори, значи не само дрвени врати и мебел, туку и за други специфични барања на клиентите (вендинг машини, транспортни возила и сл.). Производите на Мерони се издвојуваат по тоа што претставуваат спој на одлични дизајнерски решенија кои задоволуваат високи технички барања и стандарди. Тоа се докажува преку долгата листа на познати брендови и објекти низ светот со кои соработуваат: ДХЛ, Бритиш Империал Тобако, Sky Tower во Виетнам, Аеродромите во Мадрид, Солун, Лисабон, Олимпиското село во Торино, Новиот саем во Милано… Сигурноста и стабилноста на Мерони како партнер најдобро се гледа во тоа што и после 70 години постоење компанијата сеуште ја води фамилијата Мерони, веќе трета генерација.

Веб страна: www.serraturemeroni.com

domatic-logoИталијанска компанија која произведува четки и гуми (надградни и вградни) намеменети за секаков вид внатрешни и надворешни врати. Во 1998 година стануваат дел од групацијата “Фапим”

Веб страна: www.domatic.it

pettiti-logoИталијанска фабрика специјализирана за производи од црна металургија и окови за лизгачки врати.

Веб страна: www.pettitispa.com
Сертификати: www.pettitispa.com/Azienda/Certificazione

logo_icsaИталијанска фабрика основана 1978 година чиј најистакнат производ се електромагнетни прихватници за дрвени, метални, пластични и алуминиумски врати.

Веб страна: www.icsa-spa.com
Сертификати: www.icsa-spa.com/certification.html

Ви треба помош?

Контактирајте не на нашите телефони или испратете ни барање за понуда преку нашиот веб контакт формулар.

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите окови?