Оков за мебелБрендови кои ги застапуваме

GTV_blue_zpsfg5uxz9gИнтернационална дистрибутерска компанија за оков за мебел и лед расвета која е формирана во 90-тите години на минатиот век со седиште во Варшава, Полска. Се работи за еден од брендовите со најпотполна понуда во овој сегмент. ГТВ производите произлегуваат од неколку фабрики од Европа и ширум светот каде се посветува исклучително внимание во поглед на контрола на квалитетот, техничките спецификации и дизајн кој ги задоволува барањата и на најспецифичните купувачи. Денес производите на ГТВ можат да се најдат во повеќе земји од Азија, Америка и Европа, а со отворањето на новиот магацински и логистички центар во Загреб нивните производи станаа уште подостапни за пазарите на бившите ЈУ Републики.

Веб страна: www.gtv.com.pl

Италијанска компанија основана во 1950 година, во Монца, близу Милано. Нивна основна дејност се лизгачките системи за дрвени врати, стаклени врати и мебел со цел и филозофија да во едно успешно ги спојат технологијата и познатиот италијански дизајн. Се работи за фамилијарна компанија за чија успешност говори и фактот дека во моментов истата е под водство на трета генерација од фамилијата Терно. Сите системи кои ги произведуваат се патентирани, што ја докажува нивната инвентивност, уникатност и стремеж кон постојан технички напредок и усовршување. Во моментов покрај на италијанскиот пазар застапени се уште во 50-ина земји на пет континенти. “Перфектниот лизгачки систем е невидлив, тивок и себеодржлив. Тоа кај нас едноставно функционира” – Џованни Терно (основач)

Веб страна: www.ternoscorrevoli.com/en
Сертификати: www.ternoscorrevoli.com/en/terno/quality

Ви треба помош?

Контактирајте не на нашите телефони или испратете ни барање за понуда преку нашиот веб контакт формулар.

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите окови?