Оков за метални врати и прозорциБрендови кои ги застапуваме

bane-rs-logoФабриката “Бане Секулиќ” е основана далечната 1947 година во Сомбор, северозападна Србија. Производството на оков го започнуваат со само педесет работници. Денес “Бане Сомбор” важи за најстар и најпознат производител на градежен оков на просторите од бивша Југославија. Единствениот спој на квалитет и континуитет низ овие седум децении прават да ова име и заштитен знак станат синоним за сигурност. Тој факт го потврдуваат и бројните признанија, учества на саеми и милиони продадени производи во Србија, бившите ЈУ републики, како и Русија, Полска, Франција, Германија…

Веб страна: www.bane.rs
Сертификати: www.bane.rs/en/quality

stublinaПриватното претпријатие “Стублина” д.о.о. е основано 1993 година. Производствените погони се наоѓаат во Младеновац, Србија. Повеќегодишното искуство во производството, оригиналните технички решенија, модерен дизајн и примена на најсовремени производствени методи остварени со сопствени човечки и материјални ресурси, овозможуваат квалитетна база за производство на разновиден асортиман на окови за алуминиумска столарија. Проектирање и производство со почитување на зададените технички спецификации помогнаа квалитетот на производите да се подигне на едно ниво кое ги задоволува највисоките меѓународни стандарди, за што има верификувана потврда од страна на меродавни акредитирани институции. Колку е ценета оваа фабрика во Европа говори фактот што околу 70% од своето годишно производство е наменето за извоз на големите пазари во бившите ЈУ републики, потоа Русија, Украина, Франција, Шпанија, Италија…

Веб страна: www.stublina.rs
Сертификати: stublina.rs/pages/quality.html

mesan-logoФирма за производство на оков за лимена и метална браварија, турски бренд кој од 2014 година станува дел од англискиот гигант “Ессентра”

Веб страна: www.mesanlocks.com
Сертификати: www.mesanlocks.com/index.php?lang=en&page=18

Ви треба помош?

Контактирајте не на нашите телефони или испратете ни барање за понуда преку нашиот веб контакт формулар.

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите окови?