Оков за дрвени врати и прозорциБрендови кои ги застапуваме

bane-rs-logoФабриката “Бане Секулиќ” е основана далечната 1947 година во Сомбор, северозападна Србија. Производството на оков го започнуваат со само педесет работници. Денес “Бане Сомбор” важи за најстар и најпознат производител на градежен оков на просторите од бивша Југославија. Единствениот спој на квалитет и континуитет низ овие седум децении прават да ова име и заштитен знак станат синоним за сигурност. Тој факт го потврдуваат и бројните признанија, учества на саеми и милиони продадени производи во Србија, бившите ЈУ републики, како и Русија, Полска, Франција, Германија…

Веб страна: www.bane.rs
Сертификати: www.bane.rs/en/quality

fimet-logoФамилијарна компанија основана од Виторе Бјанки во 1986 година која се занимава со производство на кваки за дрвени врати и прозорци се наоѓа во малото место Вестоне, во околината на Бреша, Италија. Првично дизајнирале и произведувале кваки исклучиво за Германскиот пазар, за да денес своите производи успешно ги пласираат како на домашниот, така и на пазарите во повеќе од 20 земји во Европа. Професионалниот однос и флексибилноста се двата клучни збора кои најдобро го опишуваат Фимет како партнер со кого градиме успешна соработка веќе десетина години. А фамилијарниот карактер на компанијата и дава сила и можност уште поблиску да се грижи за целокупниот процес во создавање на една квака, што ќе рече: истражување, дизајн, техничко приспособување, производство, пласман и следливост на своите производи. Доказ за квалитетот кој Фимет го поседува се сертификатите за квалитет потврдени од една од најреномираните акредитирани институции “ИТФ Росенхаим” – Германија. Главни “виновници” за дизајнот на нивните производи се сопственикот Виторе Бјанки и познатиот уметник, дизајнер и скулптор Фабрицио Ганди.

Веб страна: www.fimet-handles.com
Сертификати: www.fimet-handles.com/index.php

otlav-logoКомпанијата ОТЛАВ е основана 1956 година во градот Тревизо, Венеција од машинскиот инжинер Анџело Падован. Основна дејност на оваа компанија е производство и продажба на спојници/шарки за секаков вид врати и прозорци. Она што ги одликува е високо ниво на квалитет, широко портфолио производи (преку 100 типови спојници/шарки во својата понуда), пласман на своите производи во 69 земји во светот и поседување на сертификати за квалитет од најреномираните светски институции. Дека се работи за лидер во светски рамки во производство и продажба на овој вид оков е податокот за продадени 1,6 милијарди парчиња спојници во периодот од 1960 година до денес. А интенцијата за постојано техничко усовршување и иновација со цел задоволување на специфичните потреби на пазарот го докажуваат со дизајнирање и производство на “невидливите спојници” за дрвени врати т.н INVISACTA.

Веб страна: www.otlav.it

bonaiti-logoПочетоците на оваа Италијанска компанија датираат уште од далечната 1830 година како еден од пионерите во производство на оков/брави за дрвени врати. Првата брава од оние какви ги познаваме денес ја произведоа 1936 година. Она по што Бонаити особено се разликува од останатите е дека целокупниот процес за производство на секој тип брава комплетно го реализира во рамките на својата компанија, што ќе рече од дизајн до производство и пласирање на пазарот. Квалитетот на своите производи Бонаити го докажува и потврдува со тоа што услов за секој тип брава да влезе во сериско производство е симулација при која истата мора да исполни минимум од 100.000 успешни отварања и затварања. Стандардниот квалитет, иновациите во производството и искуството низ годините доведоа до тоа да денес компанијата Бонаити се простира на површина од 17.000 м2, со 500 вработени, капацитет на производство од 15.000 брави дневно и преку 1.500 купувачи во Италија и низ светот. Амбицијата за техничко усовршување и долгогодишните истражувања резултираа да Бонаити на почетокот на 21 век ја произведе и патентира првата магнетна брава за дрвени врати со која ги задоволува и најспецифичните барања и потреби на крајните купувачи кои се однесуваат на дизајнот, издржливоста и техничките спецификации.

Веб страна: www.bonaiti.it
Сертификати: www.bonaiti.it/EN/template06.aspx?padre=30&codicemenu=33

brialma-logo-133Италијанска компанија основана во 1972 година чија основна дејност е производство и продажба на рачки од елуксиран алуминиум наменети за дрвени и метални врати и прозорци.

Веб страна: www.brialma.com
Сертификати: www.brialma.com/eng/certificazioni_ita.html

Компанија основана во 1973 година од машинскиот инженер Бепи Анселми во местото Тревизо, Италија. Нивна основна дејност е производство на т.н скриени или вкопани спојници/шарки за дрвени врати. Специфично за нив е тоа што во рамките на нивната компанија се одвива целокупниот процес на создавање на еден производ, т.е од истражување, дизајн, производство, контрола на квалитет и пласман на пазарот. Нивна гордост е лабораторијата во рамките на нивната компанија каде се одвиваат сите хемиски и механички тестови на производите што е уште една гаранција за сигурноста и квалитетот што го поседуваат. Тој квалитет го препознаваат најголемите производители на дрвени врати во Италија каде Анселме со своите производи покрива 70% од вкупната потрошувачка на скриени спојници/шарки за дрвени врати.

Веб страна: www.anselmisrl.it
Сертификати: www.anselmisrl.it/qualita.php?lang=en

Италијанска компанија основана во 1950 година, во Монца, близу Милано. Нивна основна дејност се лизгачките системи за дрвени врати, стаклени врати и мебел со цел и филозофија да во едно успешно ги спојат технологијата и познатиот италијански дизајн. Се работи за фамилијарна компанија за чија успешност говори и фактот дека во моментов истата е под водство на трета генерација од фамилијата Терно. Сите системи кои ги произведуваат се патентирани, што ја докажува нивната инвентивност, уникатност и стремеж кон постојан технички напредок и усовршување. Во моментов покрај на италијанскиот пазар застапени се уште во 50-ина земји на пет континенти. “Перфектниот лизгачки систем е невидлив, тивок и себеодржлив. Тоа кај нас едноставно функционира” – Џовани Терно (основач)

Веб страна: www.ternoscorrevoli.com/en
Сертификати: www.ternoscorrevoli.com/en/terno/quality

Ви треба помош?

Контактирајте не на нашите телефони или испратете ни барање за понуда преку нашиот веб контакт формулар.

Дали имате потреба од дополнителни информации за нашите окови?